![]() |
||||||||
|
Неговото
Блажество Архиепископот Охридски и Македонски Стефан е роден во село Добрушево
- Битолско, во патријархално и длабоковерно православно семејство, од
благочестивите родители Стојанка и Тале.
Говор од Хиротонисувањето на Г.Г. Стефан за Поглавар на Македонската Православна Црква Архиепископ Стефан Возљубени Ве поздравуваме во Господа со љубовта што ја носиме во себе како дар Божји, оставена во аманет на оние што љубат Оној кој е љубов, оти љубовта е од Бога, и секој кој сака, е роден од Бога (Јн. 4,7). Оттаму, по тоа и ќе не познаат дека сме Негови ученици-ако имаме љубов помеѓу себе (сп. Јн. 13,35) Ве поздравуваме во Господа, со мирот што го добивме како наследство (сп. Јн. 14,27) со мирот поставен за навек од Оној што го помири Бога и човекот, небесата и земјата, со мирот Божји што надвишува секој ум, со мирот што ќе ги запази нашите срца и нашите мисли во Исуса Христа (сп .Фп. 4,8). Ве поздравуваме од Македонија, од земјата дваесет столетија прегрната од Христа преку словото на павла Апостолот, од Македонија земјата апостосла и библијска (сп. Дела ап. 16,9., Рим. 15,26., 1 Сол. 4,10., 2 Кор. 8,1.), од земјата поради црквите и манастирите во неа наречена земја олтар, од земјата поради фреските и иконите, наречена - земја иконостас, од Македонија, земјата, поради светоста од светите свои ја нарекуваат „земја небо на земјата“.
Ве поздравуваме од Црквата во Македонија, од народот Божји, кој е избор од Бога (1 Сол. 1,4), „Кој не избра за спасение“ (2 Сол. 2, 13), зошто како народ станавме „образец за сите верници во Македонија и Ахаја“ (сп. 1 Сол. 1, 7). Ве поздравуваме и ние, петтиот Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија, во лицето на Македонската Православна Црква, кој , по милоста Божја, сме првојерарх на Црквата во Македонија и наследник на многубројни достоинственици и рамноапостолни богоугодници, кој што Црквата и народот Божји ги дочуваа од сите искушенија и страдања низ вековите, за да можеме и ние денес, заедно со од Бога доверените свештенослужители и верници, и со сите вас, богољубиви и мирољубиви чеда Божји, да можеме да го пдсилуваме растот на љубовта и цврстината на мирот. Поздравувајќи Ве, со љубов во Господа, ви посакуваме милоста, мирот и љубовта да Ви се умножат (сп. Јуда 1,2). Амин. 09.10.2000 година во Скопје
|
|||||||
|