![]() |
||||||||
|
Господин
Доне Илиевски
за премрежијата
при возобновувањето
на Охридската
архиепископија
(2) МАКЕДОНСКИОТ
НАРОД ИМА ПОЛНО
ИСТОРИСКО ПРАВО
НА СВОЈА АВТОКЕФАЛНА
ЦРКВА Подготвил:
Ранко МЛАДЕНОСКИ На првиот
Црковно-народен
собор, одржан
на 4 и 5 март 1945 година
во Скопје, во
името на државата
делегатите
ги поздравил
Методија Андонов
- Ченто, претседателот
на президиумот
на АСНОМ, кој
истакнал дека
македонскиот
народ има полно
историско право
да си има своја
автокефалност
и своја Црква,
изнесувајќи
ја историската
и културно-просветната
улога на македонските
просветители
и учители. Ченто
го подвлекол
фактот дека
македонскиот
народ денес
е слободен и
како таков сам
може да си ги
разрешува своите
проблеми. Македонскиот
народ страдаше.
Со него страдаа
и гинеа и свештеници.
Во борбите што
се водеа за слобода
на Македонија
во првите редови
се најдуваа
и народните
свештеници.
Од името на Президиумот
на АСНОМ, поздравувајќи
го овој Собор,
Ви пожелувам
успех во Вашата
работа - истакнал
на крајот Методија
Андонов Ченто,
првиот човек
на Првиот македонски
парламент и
неговиот извршно-политички
орган - Президиумот. РЕЗОЛУЦИЈАТА
ОД ПРВИОТ СОБОР На Соборот
е донесена Резолуција
- вели господинот
Доне Илиевски
- во која најважни
се деловите
каде се истакнува
дека македонскиот
православен
народ, преку
своите избрани
делегати од
сите духовни
околии во Македонија,
решава да се
возобнови Охридската
архиепископија
како Македонска
самостојна
Црква и да не
биде потчинета
ни на која друга
помесна национална
Православна
Црква; Решава
да има свој народен
епископат и
свое народно
свештенство
кое ќе биде гаранција
дека нашиот
народ ќе си ги
зачува карактерните
особености
и ќе биде поблизок
до својата родна
црква; Решава
на возобновената
Охридска архиепископија,
првиот Македонски
епископ да носи
титула: “Архиепископ
Охридски”, а нашата
Православна
црква да се вика:
“Свети Климентова
Охридска архиепископија”;
Првиот меѓу
нашите епископи
сакаме да биде
на торжествен
начин востоличен
во гр. Охрид,
на престолот
на Охридската
архиепископија;
Кога ќе се создаде
Југословенската
православна
црква - Патријаршија
и нашата Македонска
православна
Црква ќе влезе
во нејзиниот
состав како
другите православни
цркви во Федеративна
Југославија.
Тоа е Резолуцијата
донесена на
петти март 1945
година во Скопје
на првиот Црковно-народен
собор. Јас во
мојата книга
имам одредени
забелешки на
таа Резолуција
и подоцна се
покажа дека
сите тие забелешки
се основани.
Но, многу брзо
по овој Собор
доаѓа до некои
несогласувања
меѓу свештенството,
односно се вмешува
српскиот фактор,
се вмешува Српската
православна
Црква, се вмешува
и политиката
и се јавуваат
некои колебања
за тоа што се
направило во
1945 година.
“Македонскиот
народ има историско
право на своја
автокефална
Црква” - Методија
Андонов - Ченто Важно
е да се спомне
и тоа - додава
г-н Илиевски
- дека во 1941 година
епископите
од Српската
Црква се повлечени
од Македонија
и тука на нашата
територија
немало епископи,
освен на делот
каде биле бугарските
окупатори, но
со нивното заминување
заминале и нивните
свештеници.
Тоа значи дека
Македонската
Црква е обезглавена,
таа е православна
црква, ама не
е епископална,
нема епископи.
Без епископи
таа не можела
да ја врши функцијата
на вистинска
православна
црква. Тогаш
некои свештеници
бараа да се исправат
“грешките” направени
на првиот Собор,
да не се прекинува
врската со Српската
Црква. Бараа
да се ревидира
Резолуцијата
и да се отиде
на прифаќање
на јурисдикцијата
на Српската
црква во Македонија.
Тие луѓе денес
не се живи, но
со текот на времето
го променија
таквото свое
мислење. Меѓутоа,
во тоа време
биле многу упорни
во наметнувањето
на таа своја
идеја за јурисдикцијата.
Сето тоа било
под влијание
на Српската
Црква која не
признавала
никаква Црква
во Македонија,
никакви Собори
и барала да се
вратат српските
владици во Македонија,
кои биле тука
пред Војната
до 1941 година. Но, во
мај 1946 година
- додава г-н Илиевски
- се свикува свештеничко
Собрание на
кое учествувале
само свештеници
од Македонија.
На тоа свештеничко
Собрание се
поставува прашањето
за легалноста,
легитимноста
на Резолуцијата
од првиот Црковно-народен
собор и се дал
предлог за нова
Резолуција,
која е во многушто
различна од
првата Резолуција.
На тоа Собрание
во името на државата
е присутен Епименонда
Поп Андонов,
член на Владата
на Народна Република
Македонија.
И тој на неколку
пати интервенира,
бидејќи наидува
на силен отпор
од целото свештенство,
со исклучок
на неколкуте
свештеници
кои се залагале
Македонската
Црква да биде
под јурисдикција
на Српската
Црква. Тој наидува
на отпор кон
намерата да
се ревидира
Резолуцијата
од првиот Собор.
На ова Собрание
учествувале
128 свештеници.
Во поздравот,
односно во интервенцијата
Епименонда
Поп Андонов
рекол: “Автокефалноста
значи одвоеност,
прекинување
секаква врска
со Српската
Патријаршија,
затворање во
круг - во сама
себеси, што значи
нарушување
на братството
и единството
на југословенските
народи”. При тоа,
зачувувањето
на братството
и единството
го гледал преку
создавање на
таква Црква
која ќе оди во
тој прилог. Според
Епименонда
Поп Андонов,
тоа можело да
стане само преку
автономна Црква.
А автономна
црква значи
таа да биде во
рамките на Српската
Црква, со некои
автономни права,
но тоа во никој
случај не значи
автокефалност.
Тоа се внесува
во Резолуцијата.
Морам да истакнам
дека во прилог
кон зачувување
на Резолуцијата
од 1945 година се
изјасниле многу
свештеници
меѓу кои и Нестор
Поповски, Атанас
Поповски, Иван
Гелев - Шаќо,
прота Спиро
Личеновски,
Методи Гогов
и други. Тие тогаш
рекле да остане
Резолуцијата
од 1945 година, а
кога ќе се формира
Југословенска
Патријаршија
во неа ќе влезе
и Македонската
Црква. Јас не
знам што мислеле
тие тогаш, но
немало реални
шанси да се создаде
таква федерална
црква, пред с#
затоа што Српската
Црква никојпат
не би се откажала
од Светосавството.
Тоа било некаква
фикција во тоа
време. СПЦ
РОДЕНА ОД ОХРИДСКАТА
АРХИЕПИСКОПИЈА Сакам
да напомнам
- вели г-н Илиевски
- дека до 1219 година
Српската Црква
била во рамките
на Охридската
архиепископија.
Тоа е факт којшто
може да се најде
и во тогашните
и во сегашните
историски книги
на Српската
православна
Црква. Во времето
кога е формирана
српската држава
на Стеван Немања,
Растко Немањиќ
(Свети Сава) барал
Српската Црква
да се осамостои,
односно да се
издвои од Охридската
архиепископија.
Но, тогашниот
Охридски архиепископ
не се согласувал
со тоа, не дозволувал
и тогаш Растко
оди во Никеја
и таму добива
патријаршиски
благослов, согласност
и во тоа време
се прогласува
Српска Црква.
Тоа се случило
во 1219 година. А
дека Охридската
архиепископија
била автокефална,
покрај другите
документи, зборува
и фактот што
во 1346 година, кога
Душан требало
да се круниса
за цар, била неопходна
Црква со достоинство
на Патријаршија.
Кога се формирала,
пак, Српската
Црква таа била
Пеќска архиепископија.
А Охридската
архиепископија
е една од неколкуте
најстари христијански
цркви. Тогаш
за да се одржи
церемонијата
на крунисување
на Душан, на литургијата
во Скопје, покрај
архиепископот
пеќски Јаникије,
учествуваат
и Охридскиот
архиепископ
Никола и Трновскиот
патријарх. Значи,
покрај српскиот,
учествуваат
и двајца други
поглавари на
две други самостојни
цркви и сите
тие заедно на
служба во Скопје
го издигаат
пеќскиот архиепископ
Јаникије на
степен на патријарх.
Тогаш Српската
Црква станува
Патријаршија.
И наредниот
ден тројцата
поглавари на
служба во Скопје
го крунисуваат
Душан за цар.
Значи, неопходно
било двајца
поглавари на
самостојни,
автокефални
цркви да го издигнат
третиот на степен
на патријарх
и тројцата поглавари
да го крунисаат
Душан за цар.
Резолуцијата
од првиот Црковно-народен
собор во 1945 година На Собранието
во 1946 година - објаснува
г-н Илиевски
- свештенството
жилаво се спротивставило
на тој предлог
за автономија,
но морале да
прифатат нешто
во тој момент
за да може да
се продолжи
со активностите
за обновувањето
на Охридската
архиепископија.
На Собранието
се предлагаат
две резолуции
- една за признавање
на јурисдикција
од Српската
Црква и друга
Резолуција
што требаше
да ја подготви
Комисијата
што беше избрана
на тоа Собрание.
Во таа Комисија
влегле свештеникот
Цветко Крстевски
од Прилеп (тоа
е блаженоупокоениот
поглавар Ангелариј),
Славчо Петров,
Ѓорѓи Анѓелковски,
Методи Гогов
(сегашниот поглавар,
г.г. Михаил), Богатин
Атанасов, Илија
Тодоровски
и Борис Станковски.
На крајот била
усвоена нова
Резолуција,
но и таа отстапува
од Резолуцијата
на првиот Црковно-народен
собор. Де факто
и во оваа Резолуција
се оди на автономност,
а не на афтокефалност,
со тоа што се
бара да имаме
домородни архиереи
и македонскиот
литературен
јазик да биде
јазик на црковната
администрација.
Во Резолуцијата
се вели: Бараме
да имаме народни
архиереи, народно
свештенство
и самоуправност
на сите внатрешни
црковно-народни
прашања; Народните
архиереи да
бидат избрани
од народот и
свештенството;
Да се испрати
апел до Св. Синод
на СПЦ, до српското
православно
свештенство
и народот, како
и до православните
свештеници
и православните
верници на др.југословенски
народи да ја
поткрепат идејата
и акцијата за
поскоро организирање
на Православна
Црква во Југославија
во која да влезат
сите Православни
Цркви врз рамноправни
начела; Православните
цркви на народните
републики да
имаат право
на самоуправност
во внатрешните
црковни прашања,
Црквата да се
раководи од
свои народни
архиереи кои
ќе бидат членови
на Архиерејскиот
собор на Православната
црква во Југославија
со еднакви права
и задолженија
при решавање
на прашања од
интерес на заедничкиот
црковен живот;
Секоја Народна
Црква, без оглед
на бројот на
верниците, да
има по еден свој
претставник
во постојаното
Управно тело,
односно во Св.
Синод на Православната
Црква во Југославија;
Проект Уставот
на Православната
Црква во Југославија
да биде изработен
од комисија
составена од
еднаков број
претставници
од сите Православни
Цркви во Југославија,
истиот да се
разгледа и прими
на еден заеднички
Црковно-народен
собор; До организирање
Југословенска
Православна
Црква и хиротонија
на македонски
архиереи, црковниот
живот во Македонија
да се раководи
од избраното
од нас Црковно-управно
тело; Ставање
во должност
на тоа Црковно-управно
тело да го стори
потребното
оваа Резолуција
да биде спроведена
на дело. Тоа значи
дека отпорот
на свештениците
вродил со таков
плод што се прифаќа
нешто што им
се наложило
и што отстапува
од Резолуцијата
во 1945 година, но
тежнението
оди на национален
белег и формирање
заедничка Црква
во која сите
ќе бидат еднакви.
И покрај сите
обиди на Епименонда
Поп Андонов,
не се прифаќа
Уставот на СПЦ,
не се прифаќа
јурисдикција
од Српската
Црква, туку се
бара да се формира
Југословенска
Црква. На ова
Собрание во
1946 година бил
избран и Иницијативен
одбор за организирање
на Македонска
Православна
Црква. |
Материјалот е превземен од „Македонско Сонце“ |
||||||
|