![]() |
||||||||
|
Господин
Доне Илиевски
за премрежијата
при возобновувањето
на Охридската
архиепископија
(3) ИНИЦИЈАТИВНИОТ
ОДБОР - НАЈВИСОКО
ТЕЛО НА ЦРКОВНИОТ
ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА Подготвил:
Ранко МЛАДЕНОСКИ На свештеничкото
Собрание одржано
во мај 1946 година
бил избран Иницијативен
одбор за организирање
на Македонска
православна
црква. Во тој
Иницијативен
одбор, што е највисок
орган на црквата
во Македонија
од 1946 до октомври
1958 година, односно
до возобновувањето
на Охридската
архиепископија,
биле избрани
свештеникот
Нестор Поповски
со 82 гласа и тој
подоцна станува
претседател
на Иницијативниот
одбор, Славчо
Петров - 59, Кирил
Трпеновски
- 55, Кирил Стојанов
- 55, Илија Мукаетов
- 53, Петар Давитков
- 51, Никола Апостолски
- 51, Борис Ангелковски
- 50, Климе Малевски
- 50, Синесие Попоски
- 48, Борис Станковски
- 46, Методи Димков
- 46, Спиро Атанасовски
- 46, Цветко Крстевски
- 46 и Михаил Панов
со 40 гласа. Тоа
се петнаесетте
членови на Иницијативниот
одбор, а подоцна
овој состав
трпи извесни
незначителни
измени. ПРИТИСОЦИ
ОД СРПСКАТА
ЦРКВА Овој
Иницијативен
одбор станува
највисоко црковно
тело кое го раководи
црковниот живот
во
Иницијативниот
одбор за организирање
на МПЦ - највисоко
црковно тело
од 1946 до 1958 година. Во 1950 година
умира српскиот
патријарх Гаврило
и се избира друг
патријарх - објаснува
господин Илиевски.
За српски патријарх
се избира Викентије,
кој бил епископ
во Злетовско-струмичката
епархија до
1941 година. Со неговото
доаѓање за патријарх
се јавила некоја
надеж дека со
него ќе може
нешто да се направи,
да се постигне
некаков договор.
Тој не отстапи
од тоа Македонската
Црква да остане
под јурисдикција
на Српската
Црква, но го прифати
барањето и дури
се заложи да
се изберат македонски
домородни епископи.
И во времето
кога јас влегов
во Комисијата
за верски прашања
во Македонија,
борбата се водеше
токму за избор
на македонски
домородни епископи,
а целиот црковен
живот го раководеше
Иницијативниот
одбор, кој разви
една активност
со која не само
што се одржуваше
црковната организација,
туку и се напредуваше.
Се решаваа сите
можни проблеми
- материјални,
кадровски, организациони
и друго. Сето
тоа го вршеше
Иницијативниот
одбор. Тој стана
глава на црковниот
живот, односно
она што за друга
црква значи
епископат. Тоа
е еден феномен.
Во жаргонот
се вели: владици
тешко излегуваат
на крај со попови,
а не попови со
попови. Меѓутоа
Иницијативниот
одбор успеа
навистина да
одржи еден ред
и дисциплина
и во 1958 да ја предаде
својата функција
на избраниот
поглавар на
Македонската
православна
црква во полна
организираност
и способност
да продолжи
животот на Црквата.
Се вели дека
нашата Црква
тогаш можела
да се споредува
со најорганизирани
цркви. Тоа е барањето,
тоа е желбата,
тоа е духот на
македонските
свештеници
и верници да
се опстане со
тоа што ќе се
прифати место
архиепископ,
место владика
да се слуша поп,
ама да биде македонски.
Тоа е една карактеристика
за Македонската
Црква која останува
како историски
факт. Покојниот
архиепископ
Доситеј многу
пати им оддаваше
признание на
овие свештеници
и им велеше: “Вие
бевте одиграле
спасоносна
улога за Црквата
во Македонија
во едно тешко
време”. А сите
ние знаеме какво
беше времето
по војната - постреволуционерен
период, друга
идеологија,
потиснатост,
вклопеност
во рамки на дозволено
и забрането
во црковниот
живот. Но, и покрај
тоа, се одржала
една силна организираност
на Црквата. СОРАБОТКА
МЕЃУ ОДБОРОТ
И КОМИСИЈАТА Моето
доаѓање, моето
прво соочување
со црковните
проблеми беше
со Иницијативниот
одбор - додава
г-н Илиевски.
Веројатно поради
мојот пристап
и поради сознанието
дека сега има
и државна комисија,
членовите на
овој Иницијативен
одбор во мене
видоа човек
со кого може
да се разговара
и бев многу добро
прифатен од
нив и ми отворија
сe што имаа во
архивите. Покрај
она што го научив
од теоријата,
од литературата,
за црковниот
проблем многу
научив преку
архивата, преку
силата, преку
искуството
на црковните
луѓе од Иницијативниот
одбор, а пред
сe од прота Нестор
Поповски. Месец
дена пред неговата
смрт се видов
со него, го посетив
дома и ми рече:
“Е, другар Доне,
откако дојде
ти, ние ниту едно
писмо не пративме
без да го видиш
и ти и не направивме
ниту една грешка,
ни црковна ни
политичка”. Соработката
беше добра. Јас
колку што бев
во Комисијата,
толку бев и во
Митрополијата.
Но, во секој случај
тежиштето на
мојата работа
беше црковното
прашање, односно
црковниот живот.
Јас се вклопив
во таа проблематика
и заедно со членовите
на Иницијативниот
одбор се договаравме
за сите можни
предлози, договори,
преговори, избори
на кандидати
за епископи
и други прашања.
Фактички јас,
иако бев од Комисијата,
учествував
во работата
како дел од тој
Иницијативен
одбор. Јас работев
со сознанието
дека тоа е моја
Црква, наша Црква.
За среќа моја,
претседателите
на Комисијата
не ми се мешаа
многу во работата,
зашто тие никогаш
не можеа да навлезат
во тие финеси
на црковното
устројство,
на црковните
канони, на црковниот
живот како што
јас успеав да
навлезам. И токму
затоа сe ми беше
препуштено
мене, но за сите
работи секогаш
ги информирав
членовите на
Комисијата.
Морам да им оддадам
признание на
сите што беа
вклучени во
таа работа, зашто
сите работевме
како едно тело,
кај сите допре
сознанието
дека треба да
ги вложиме сите
сили за да се
истера работата
до крај, да имаме
и своја Црква.
Тоа е една димензија
која ќе им зададе
многу проблеми
на идните хроничари
кои ќе треба
да го проучуваат
тоа прашање
како можело
во едно време
кога во државата
владее марксистичка
идеологија,
истовремено
да се води таква
жилава борба
за самостојна
Црква. Особено
што сета таа
борба и сите
тие полемики
се водеа со Српската
Црква. Морам
да кажам дека
македонското
свештенство
многу рано се
вклопи во едно
професионално
здружение како
Свештеничко
здружение, а
постоеше соработка
со српското
Свештеничко
здружение. Кај
српското свештенство
доминирале
позитивните
сили кои учествувале во НОБ
и многу брзо
се дојде до меѓусебно
разбирање. За
разлика од Епископатот
на Српската
Православна
Црква, односот
на српското
свештенство
преку Здружението
оди во прилог
на активностите
за барање на
Македонска
Црква со свои
домородни епископи. По доаѓањето
на Викентије
за српски патријарх,
се врати надежта
дека со тој човек
ќе може нешто
повеќе да се
направи - додава
господинот
Илиевски. И тој
навистина беше
многу поумерен
за разлика од
поранешниот
патријарх, а
тука се вплетија
и интервенциите
и активностите
на српската
четничка емиграција
до свештеничкиот
Собор на Српската
Црква од познатиот
епископ Николај
Велимировиќ,
кој беше емигрант
во Њујорк. Од
него и од Слободан
Јовановиќ, екс-премиерот
во кралска Југославија,
се испратени
писма до Архиерејскиот
Собор на Српската
Црква со кои
бараат во никој
случај да не
се дозволи да
има Македонска
Црква и велат
дека не смее
да се дозволи
да се изгуби
и “Јужна Србија”.
Но, тука во Македонија
сe пожестоко
е барањето на
црковните луѓе
да имаме поголема
црквеност во
смисла на свои
домородни епископи
и своја Црква.
И токму затоа
сето внимание
беше посветено
токму на тоа
да се дојде до
свој македонски
епископ. |
Материјалот е превземен од „Македонско Сонце“ |
||||||
|