![]() |
||||||||
|
Господин
Доне Илиевски
за премрежијата
при возобновувањето
на Охридската
архиепископија
(5) НА
ВТОРИОТ СОБОР
ОБНОВЕНА СТАРАТА
МАКЕДОНСКА
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Подготвил:
Ранко МЛАДЕНОСКИ Вториот
Црковно-народен
собор почна
во хотелот
“Орце Николов”
во Охрид на
четврти октомври
1958 година - објаснува
господинот
Илиевски. Учествуваа
вкупно 219 делегати
- свештеници
и мирјани. Се
поднесе извештај
за работата
на Иницијативниот
одбор за тоа
до каде стигна
процесот за
решавање на
македонското
црковно прашање.
Иницијативниот
одбор ја вршеше
својата функција
до донесувањето
на Одлуката
за возобновување
на Охридската
архиепископија
и до изборот
на првиот поглавар,
односно сe до
востоличувањето
на Доситеј
за поглавар
на Македонската
Православна
Црква. Соборот
го поздрави
Страхил Гигов
како претседател
на Комисијата
за верски прашања
и како потпретседател
на Владата.
Беше присутен
и секретарот
на Сојузната
комисија, а
Соборот го
поздрави и
Милан Смиљаниќ
од Сојузот
на здруженијата
на православните
свештеници
во Југославија. СПЦ ЈА
ПРИЗНА МПЦ На овој
Собор во една
убава атмосфера
- вели господинот
Илиевски - се
даде полна
поддршка за
предлогот
на Иницијативниот
одбор за возобновување
на Охридската
архиепископија
и за избор на
македонски
домородни
епископи, а
беше договорено
кога ќе дојде
моментот да
се донесува
Одлуката за
возобновување
на Охридската
архиепископија,
да одиме во
црквата “Света
Софија”. И така
Одлуката за
возобновување
на Охридската
архиепископија
се донесе во
вечерните
часови во “Света
Софија” во Охрид.
Во таа Одлука,
меѓу другото,
се наведува:
“Овој Црковно-народен
собор решава
да се обнови
старата македонска
Охридска архиепископија
која беше присилно
укината, а епархиите
припоени кон
Цариградската
патријаршија
во 1767 година и
истата да носи
назив Македонска
Православна
Црква. Според
основните
канонски прописи,
црковните
граници да
се поклопуваат
со државните
граници. Овој
Собор решава
црковните
граници на
епархиите
на Македонската
Православна
Црква наполно
да се поклопуваат
со границите
на Народна
Република
Македонија.
Во состав на
Македонската
Православна
Црква влегуваат
Митрополијата
скопска, епархиите
Охридско-битолска
и Злетовско-струмичка
со сите парохии
што се наоѓаат
на територијата
на Народна
Република
Македонија.
На чело на Македонската
Православна
Црква стои
митрополит
кој носи титула
Архиепископ
Охридски и
Скопски и Митрополит
Македонски.
Седиштето
на Митрополијата
е во Скопје.
Митрополитот
со епархиските
архиереи претставува
највисока
духовна власт
на православната
црква во Македонија.
Животот и работата
на Македонската
Митрополија,
како и целиот
црковен живот,
ќе се одвива
според уставот
и одредбите
на Македонската
Православна
Црква, што овој
Собор ќе ги
донесе, како
и според каноните
на православството.
Овој Собор
ќе го избере
првиот митрополит
и епархиските
архиереи на
Македонската
Православна
Црква од средината
на своите домашни
синови, а според
правилникот
што Соборот
ќе го донесе”.
Во оваа Одлука
внесовме и
една клаузула
за која не можам
да се сетам
чија идеја
беше. Меѓутоа,
бидејќи можеше
да има и политички
рефлекси, нормално
на мене можеше
да падне евентуална
политичка
одговорност.
Заради тоа
јас во прв ред
требаше да
водам сметка.
Оттука, вметнувањето
на односната
клаузула беше
моја формулација.
Таа клаузула
гласи: “Заради
одржување
на црковно-канонско
единство во
православната
црква на територијата
на ФНРЈ, Македонската
црква го признава
патријархот
на Српската
православна
црква како
врховен поглавар
на православната
црква. Единството
на православната
црква го репрезентира
патријархот”.
Ова го нагласувам
затоа што тоа
стана основата
за крајно позитивна
разврска со
Српската црква,
зашто во 1959 година
тоа беше таа
клаузула што
СПЦ ја прифати
и донесе Одлука
со која СПЦ
ги прифаќа
одлуките на
Соборот во
Охрид. Во Одлуката
на Саборот
на СПЦ, донесена
во 1959 година,
се вели: “На Соборот
во Охрид македонските
епархии се
издвоиле во
самостојна
Македонска
Православна
Црква која
ќе се управува
по уставот на
таа Црква, а
останува во
канонско единство
со Српската
црква преку
личноста на
патријархот
на Српската
црква кој се
признава за
врховен поглавар”.
Меѓутоа, тие
во таа Одлука
одат понатаму
и во точка шест
се наведува:
“Со оваа Одлука
прописите
на уставот на
Српската православна
црква престануваат
да важат за
епархиите
и архиереите
на територијата
на Народна
Република
Македонија”.
Со тој акт практично
Македонската
црква доби
канонски отпуст
од Српската
црква. Ова го
кажувам, зашто
подоцна тоа
стана камен
на сопнување.
Г-н Доне
Илиевски го
честита изборот
на првите домородни
владици на
МПЦ, Климент
и Наум - Охрид, 04.
октомври 1958 година
Блаженоупокоениот
Архиепископ
Македонски
Доситеј со
протојереите
Антим Поповски
и Кирил Стојановски По таа
нивна Одлука
- додава господинот
Илиевски - во
јули 1959 година,
на патријархот
му се дозволи
да дојде во
Македонија
и да изврши
хиротонија.
Патријархот
српски доаѓа
и учествува
во хиротонија
на новоизбраниот
архиереј за
Охридско-битолската
епархија Климент.
Ова се случува
на архиерејска
богослужба,
а штом сослужуваат
заедно на архиерејска
богослужба,
архиепископот
македонски
и патријархот
српски, значи
дека се признава
Македонската
Православна
Црква. За уставот
на МПЦ Српската
црква даде
околу 50 забелешки
и она што можеше
канонски да
се вообличи
го прифативме
и се изврши
дополнување
на уставот на
МПЦ, така што
и тоа прашање
се реши. Но, за
многу кратко
време челниците
на СПЦ увидоа
што значи тоа,
зашто дојде
патријархот,
се хиротонисаа
епископите,
прво Климент
па Наум и се
оформи највисокиот
духовен орган
на МПЦ - Светиот
Синод. Тоа беше
во 1959 година. ИЗБОР
НА ПРВИОТ ПОГЛАВАР Откако
се донесе Одлука
за возобновување
на Охридската
архиепископија
- објаснува
господинот
Илиевски - следна
точка беше
избор на поглавар
на Македонската
Православна
Црква и двајца
домородни
епископи. Претходно
се изготви
нова листа
на кандидати,
така што се
прошири листата
и покрај архиепископот
Доситеј, влегоа
и Никола Трајковски
за епископ
(Климент) Охридско-битолски
и Тома Димовски
кој беше избран
за епископ
(Наум) Злетовско-струмички.
Доситеј беше
предложен
за прв поглавар
на Македонската
Православна
Црква и едногласно
беше избран
со титула Архиепископ
Охридски и
прв Митрополит
Македонски.
Донесувањето
на двете Одлуки
- за возобновување
на Охридската
архиепископија
и за избор на
Доситеј за
поглавар, предизвика
чудесна еуфорија
кај присутните.
Имаше плачење,
ридање, пеење
- секој на свој
начин го доживуваше
тоа во црквата
“Света Софија”
во Охрид. Се
сеќавам дека
покојни Драгољуб
Будимоски
во една прилика
ми рече: “Не паметам
настан кој
вака возбудливо
дејствувал
спонтано кај
сите учесници”.
Тоа се случуваше
по 200 години од
укинувањето
на Охридската
архиепископија.
И во таква една
еуфорија јас
и прота Нестор
Поповски отидовме
во вилата да
му соопштиме
на Доситеј
дека е тој избран
за поглавар.
Кога отидовме
таму се прегрнавме,
а тој се расплака.
Тоа што се случуваше
тогаш во Охрид
беше круна
на она што толку
макотрпно
се работеше
од 1943 па до 1958 година.
И тогаш се подготви
Доситеј и некаде
по 21 часот отидовме
во “Света Софија”.
Кога се појави
Доситеј во
“Света Софија”
се знаеше дека
владиката
доаѓа, а кога
беше изборот
биеја сите
камбани во
Охрид. Тоа беше
една незаборавна
атмосфера.
Едноставно
сите го имавме
тоа чувство
дека се случува
настан од историско
значење. И морам
да кажам дека
во “Света Софија”
имаше повеќе
плачење, но
плачење од
радост, од среќа.
Сите трчаа
што побрзо
да бакнат нешто
од одеждата
на Доситеј
или да го прегрнат.
Таа вечер навистина
останува во
сеќавањата
засекогаш.
Тука на Доситеј
прота Нестор
Поповски официјално
му ја соопшти
Одлуката за
возобновување
на Охридската
архиепископија
и Одлуката
за избор на
прв поглавар
на Македонската
Православна
Црква. Тоа беше
атмосфера
на радост, на
извикување,
нешто што е
несвојствено
да се случи
во црква, зашто
црквата си
има друг ред.
Но, таа ноќ во
“Света Софија”
беше сe нарушено
во знак на тоа
големо дело
што тогаш се
направи. Кога
атмосферата
малку се смири
- раскажува
господинот
Илиевски - Неговото
Блаженство
Доситеј даде
благослов,
се заблагодари,
вети дека ќе
направи сe да
го оправда
тој тежок чин
и довербата
што му се дава.
Откако сета
церемонија
во “Света Софија”
заврши, јас
и Доситеј тргнавме
кон вилата.
Се сеќавам
дека беше 22 часот
и Иван Антонов,
спикерот на
Радио Скопје,
ја даде првата
вест: “Во македонскиот
Ерусалим, во
историскиот
Охрид, во седиштето
на Охридската
архиепископија
оваа вечер
се случи чудо.
По 200 години Охрид
го продолжува
животот на
Охридската
архиепископија”.
Не знам кога
бев повеќе
трогнат - дали
таму во “Света
Софија” кога
се случуваше
тоа или пак
кога ја чув
првата вест
на радио, кога
секој Македонец
можеше да го
чуе тоа. Се избакнавме
со дедо Доситеј,
се расплакавме.
Откако се договоривме
дека треба
да се подготви
за утрешното
востоличување,
јас се вратив
да се видам
со членовите
на Иницијативниот
одбор за да
ги подготвиме
сите работи
за востоличувањето.
Требаше бела
панакамилавка
да се подготви,
требаше да
се изготви
панагија со
ликот на Свети
Климент. Тоа
е архиерејска
панагија, покрај
крстот и панагијата
со Света Богородица
Марија. Сето
тоа требаше
ноќта да се
направи и да
се подготви
за востоличувањето
на првиот поглавар
на Македонската
Православна
Црква. |
Материјалот е превземен од „Македонско Сонце“ |
||||||
|