![]() |
||||||||
|
Господин
Доне Илиевски
за премрежијата
при возобновувањето
на Охридската
архиепископија
(7) НА
ТРЕТИОТ СОБОР
ВОЗОБНОВЕНА
И АВТОКЕФАЛНОСТА
НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА
ЦРКВА Подготвил:
Ранко МЛАДЕНОСКИ Во веќе
спомнатата
Одлука на Архиерејскиот
Сабор на СПЦ
од 17 јуни 1959 година
- објаснува
господинот
Доне Илиевски
- има и една
одредба со
која се овластува
патријархот
да може да дојде
во Македонија
и да учествува
во хиротонијата
на македонските
епископи. Оваа
Одлука е донесена
во јуни 1959 година,
а веќе во јули
истата година
патријархот
на СПЦ, г. Герман,
доаѓа во Македонија
и во Скопје
во црквата
“Свети Мина”
на света архиерејска
литургија
сослужуваат
поглаварот
на МПЦ, Неговото
Блаженство
архиепископот
Доситеј и патријархот
на Српската
црква, Неговата
Светост Герман.
Сослужување
на епископи,
особено на
поглавари
на две цркви,
според каноните,
значи меѓусебно
признавање. УЛТИМАТИВНО
БАРАЊЕ ДО СПЦ Во 1962 година
- додава господинот
Илиевски - Македонија
ја посети и
рускиот патријарх,
Н.Св. Алексеј
I и во црквата
“Свети Климент”
во Охрид на
24 мај сослужуваа
заедно со поглаварот
на МПЦ и поглаварот
на СПЦ. Едноставно,
односите се
одвиваа нормално.
Но, по извесно
време, во 1964/65
година почнаа
повторно да
се појавуваат
некои несогласувања.
Патријархот
српски кога
одеше надвор
од земјата
се претставуваше
само како патријарх
српски, а не
како патријарх
српски и македонски.
Беше договорено
да се претставува
како патријарх
српски и македонски,
но тоа се правеше
само кога ќе
дојдеше во
Македонија.
Врз основа
на тоа беше
јасно дека
таму нешто
се случува.
Всушност во
Српската црква
созрева мислењето
дека тие погрешиле
со Одлуката
од 1959 година.
И работите
тогаш одеа
кон замрзнување
на односите,
а потоа и да
преземат некакви
мерки во врска
со нивната
“погрешна” Одлука.
Меѓутоа, со
хиротонисувањето
на епископите
Климент и Наум,
Македонската
Православна
Црква се здоби
со највисокото
духовно тело,
а тоа е Светиот
Архиерејски
Синод и тој
ги презеде
сите работи
во свои раце,
како тело на
канонски легална
црква.
Претседателот
на МАНУ, Блаже
Конески, му
го честита
востоличувањето
на Поглаварот
на МПЦ, архиепископот
Доситеј - Охрид
1958 година Српската
Црква сe почесто
правеше слични
чекори, а кулминацијата
беше при една
посета на патријархот
Герман и архиепископот
Доситеј на
Црквата во
Бугарија каде
и покрај предочувањата
да водат сметка
како ќе се настапува
таму, да не
дојде до некои
проблеми, патријархот
не достоја
на своите зборови
и таму почна
да настапува
како патријарх
српски, а избегнуваше
нашиот архиепископ
да го ословува
како поглавар
на Македонска
Православна
Црква. Воочувајќи
ги ваквите
појави, се покрена
прашањето
и се побара
од Српската
црква да се
запознаат
другите цркви
во светот со
статусот на
Македонската
Православна
Црква по Одлуката
на Саборот
на Српската
црква, односно
онака како
што тие веќе
имаа одлучено.
Тоа се избегнуваше
да се направи
од страна на
Српската црква,
се пролонгираше
и таквиот однос
создаваше
нервози. Затоа
во декември
1965 година се
постави едно
ултимативно
барање со акт
на Светиот
Архиерејски
Синод на МПЦ,
на идниот Сабор
на СПЦ тоа прашање
да се симне
од дневен ред
и да се донесе
заклучок да
се известат
другите цркви
во светот дека
во Југославија
постојат две
цркви и врз
таа основа
да се регулираат
односите меѓу
нив. ДИСКУТАБИЛНА
ОДЛУКА Во јуни
1966 година беше
донесена нова
Одлука на Саборот
на СПЦ и таа
Одлука беше
доставена
и до сојузната
Влада, а оттаму
ни беше доставена
и нам - вели
господинот
Илиевски. Таа
Одлука беше
поздравена
од сојузната
Влада и од сојузната
Комисија како
акт со кој дефинитивно
се расчистија
сите работи
со Македонската
Православна
Црква. Кога
дојде кај нас
таа Одлука
со заклучок
од сојузната
Комисија, требаше
ние да дадеме
мислење, своја
оцена и подоцна
да се закаже
седница на
сојузната
Комисија. Тогаш
ме повика мене
претседателот
на Комисијата
за верски прашања
во Македонија,
Боро Чаушев,
ми ја даде Одлуката
и ми вели: “Оваа
работа сe заврши”.
Јас ја погледнав
Одлуката и
му велам: “Не
ќе е така. Овие
нe враќаат пред
1941 година”. Како,
вели тој, оценката
на сојузната
Влада е позитивна.
Му велам седни
ако имаш време
да ти објаснам.
Но, замина некаде,
а подоцна ме
викна повторно
кај него и ми
рече дека надлежните
фактори од
државава сметаат
оти Одлуката
е позитивна.
Но, им наговестил
дека нешто
не е во ред.
Им спомнал
дека Доне не
мисли така,
Доне мисли
дека н# враќаат
назад. Со Боро
Чаушев ние
извонредно
соработувавме.
Му велам: “Ова
навистина
е деликатно
прашање и тоа
што ти го реков
усно, ќе го
напишам и ќе
дадам образложение
за моето такво
мислење и ќе
го потпишам,
ќе ја земам
одговорноста
за она што го
тврдам”. Му
го дадов мојот
текст, а подоцна
гледам дека
се пречукува.
Ја прашав секретарката
што забелешки
се направени,
а таа ми рече
дека нема забелешки,
само името
твое ќе го избришеме,
а ќе се потпише
Боро Чаушев.
Влегов кај
него да го предупредам
и тој ми вели
ако е ова сериозно
политичко
прашање, јас
сум одговорен
за тоа. Нека
стои моето
име, му возвратив,
овде ако се
киксира ќе
заврши твојата
политичка
кариера, сите
ќе ти го свртат
грбот, а јас
ако киксирам
ќе ме избркаат
од Комисијата,
ќе си отворам
адвокатска
канцеларија
и ќе си работам.
Не, ми вели,
ред е јас да
потпишам, а
ти ќе одиш во
Белград да
го браниш тоа
што е наведено
во писмото. ПОЛИТИЧКА
ВИЗА ЗА АВТОКЕФАЛНОСТ На седницата
на Комисијата
во Белград
по моето излагање
се скрши работата,
се повлече
ставот на сојузната
Влада, а се
прифати нашиот
како државен
став - објаснува
господинот
Илиевски. Во
што беше проблемот?
Кога јас ја
читав Одлуката,
забележав
дека еден збор
е испуштен,
зборот “канонско”.
Тие наместо
да напишат
“МПЦ останува
во канонско
единство со
СПЦ”, напишале
“МПЦ останува
во единство
со СПЦ”. Јас
цела теорија
развив, а тоа
и го документирав,
за тоа што значи
“единство”,
а што “канонско
единство”. Им
велам “канонско
единство” е
единство во
каноните. Не
може да биде
православна
црква, ако таа
не ги признава
каноните. Сите
православни
цркви се поврзани
преку каноните.
Додека “единство”
значи јурисдикција.
Имаше уште
една клаузула
на крајот во
која се вели:
“Со оваа Одлука
Соборот на
МПЦ не може
да врши измени
во Уставот
без претходна
согласност
од Српската
црква” и тоа
го поврзав
со претходното.
Значи, за еден
збор беше проблемот.
И тогаш се повлече
ставот на сојузната
Влада и се прифати
нашиот како
државен став,
кој требаше
да отиде на
оцена и пред
политичкото
раководство.
Во април 1967 година
се одржа состанок
кај претседателот
на сојузната
Влада, Петар
Стамболиќ.
Учествуваа
од ЦК Едвард
Кардељ, Вељко
Влаховиќ и
претседателот
на сојузното
Собрание, Мијалко
Тодоровиќ.
Од Србија беа
претседателот
на ЦК, Добривоје
Радосављевиќ
и претседателот
на ИС на Србија,
Драги Стаменковиќ.
Од Македонија
присуствуваа
Крсте Црвенковски,
како претседател
на партијата
и Никола Минчев,
претседател
на Собранието.
Тогаш се даде
и политичка
виза за нашиот
став со напомена
дека со ова
никој повеќе
не може да и
пречи на Македонската
Православна
Црква да оди
на автокефалност.
Митрополитот
Македонски
Доситеј по
востоличувањето
на архиепископскиот
трон во црквата
“Свети Климент”
во Охрид - 5 октомври
1958 година На 17 јули 1967 година - вели господинот Илиевски - се свика Третиот Собор и тогаш се возобнови и автокефалноста на МПЦ и се заокружи тој процес што траеше подолго време, односно од 1945 година. Тоа се случи далеку пред осамостојувањето на Република Македонија како независна и суверена држава. Во овие процеси јас не бев само сведок, ами и директен учесник во нив. И за крај ќе морам да ги наведам зборовите што првиот поглавар на МПЦ, Неговото Блаженство архиепископот Доситеј, ги изрекол во 1966 година пред членовите на Саборот на Српската патријаршија: “Никојпат повеќе Македонската Црква нема да застане под капата на Српската Црква. Никојпат повеќе Македонската Црква не може да биде третирана како дел од Српската Црква”. Тоа се зборови на блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, првиот поглавар на Македонската Православна Црква. Архиепископот Доситеј е една маркантна личност која одигра незаменлива улога во поновата историја на Македонската Црква, би рекол најзначајна по Свети Климент Охридски. Тој целиот свој живот го посвети на оваа Црква. |
Материјалот е превземен од „Македонско Сонце“ |
||||||
|