|
|
|
|
Црковно-народниот
живот во Македонија по укинувањето на
Охридската архиепископија - Македонската Православна Црква
По укинувањето на Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија,
Цариградската патријаршија настојувала да го отргне целокупниот и народен
живот во Македонија од тогашните уредби и црковно-народни обичаи. Најпрвин
ги сменила домородните владици и ги заменила со владици фанароти, кои
не го знаеле јазикот на своите верници. Тие најнапред ја забраниле македонската
богослужба по градовите. Место тогашните протопопови, назначиле на нивно
место икономи грци или поретко гркомани. Тие ја користеле својата власт
за собирање на црковни давачки, посебно на владичнината, за збокатување
на владиката и за свое лично збогатување. Ова предизвикало кај верниците
оправдан отпор и остри протести. Општо земено овие владици и икономи доаѓале
во Македонија со една единствена цел: што поскоро да се збогатат и потоа
да се вратат во некоја грчка епархија. Тие се сметале за потценети што
му владикувале на народ што зборува варварски јазик.
Монасите и парохиското свештенство по селата и помалите градови биле и
понатаму само Македонци, зашто грчките свештенослужители не биле заинтересирани
за таквите малку доходни служби. Свештенство во Македонија по традиција
било од редовите на свештенички фамилии. Најчесто еден од синовите го
наследувал својот татко. Само на тој начин можело да се одржи домородното
свештенство во Македонија. Помладите учеле од постарите и, вдахновени
со искрена и длабока вера во Бога и силно родољубие, успевале во текот
на двојното тешко ропство, турското и фанариотското, да ги запазат светите
пораки на Свети Климента и Свети Наума, на својата Македонска Православна
Црква и да ги запазат црковно-народните традиции, јакнејќи ја верата кај
народот во ослободувањето на славната Охридска архиепископија.
|
|
|
|