Фактори за будење патриотско чувство
кај македонскиот народ


Паднат во длабоко двојно ропство, турското и фанариотското, македонскиот народ бил подложен на систематско погрчување, особено чорбаџиите и интелегенцијата. Ова било повеќе доброволно родоотстапништво, условено од економските интереси. Погрчувањето добило многу силен замав особено во почетокот на XIX век и почнало да се проширува и на граѓаните. Нашата ретка интелегенција, школувана на високите грчки училишта, била искрен поклоник на грчката култура и образованост, така што сите подоцнежни македонисти, пред тоа биле елинофили. Такви биле: Димитар и Костантин Миладинови, Рајко Жинзифов, Јанаки Стрезов, Партениј Зографски, Кузман Шапкарев, Григор Прличев и други. Отпорот против елинизацијата во Македонија се должи пред се, на монасите од македонските манастири, особено од монасите во македонско-славјанските манстири во Света Гора - на Зографскиот и Хилендарскиот. Монасите во тие манастири во главно биле Македонци. За ова сведочат повеќе извори. Така, на пример, штипјанецот Константин Атанасов во 1866 година во својот краток труд ,,кратко описание на дванаесет манастири на Света Гора,, пишува дека во Хилендар живеат монаси од Македонија, од кои многумина придонеле за преродбата на македонската и сеславјанска книжевност и на македонската култура. Слично било и со манастирот Зограф, во кој престојувале монаси Македонци, од кои многумина биле македонски преродбеници.
И руските славјанофили придонеле многу за будење на славјанското и македонско чувство кај сеславјанските народи. Во врска со ова остро се поставува и црковното прашање кај сите славјански народи и обновувањето на нивните автокефални цркви.

   
 
Macedonian Orthodox Church - Diocese of America and Canada
© Macedonian Orthodox Cathedral Sts Peter and Paul Crown Point, Indiana 2001-2005