|
|
|
|
Создавање
на Македонски
црковни-училишни општини
Во Македонија најнапред
започнало создавање на црковни, а потоа на црковни училишни општини. Македонската
граѓанска класа била заинтересирана за црковните и општествените работи
и земала активно учество во нив. Прв и најстар спомен за црковна општина
во Македонија е Охридската, која се спомнува уште во 1758 година. Нејзиното
создавање се објаснува со тоа што Охрид бил административен центар на
Охридската архиепископија и што претставувал црковно-културно жариште
во Македонија, како и израз на новите општествени текови. Меѓу постарите
црковни општини се: Прилепската, Велешката, Скопската, Штипската, Кривопаланечката,
Кукушката, Тетовската, Неврокопската, Кумановската, Горноџумајската, Воденската,
Струмичката, Гевгелската и други, зашто немало македонски град, во кој
не дошло до создавање на македонска црковна училишна општина. |
|
|
|