Преродбено движење во Македонија
врз црковна основа


Почетоците на македонската преродба се тесно поврзани со видните дејци од црковните средини во првата половина на XIX век во областа на просветата. За отварањето на училиштата на македонски народен јазик и за нивно матрејално постоење во голема мера се потрудиле македонски монаси од светогорските манастири. Тие прво отвориле едно вакво училиште во светогорскиот манастир Зограф. Потоа ги помагале поблиските македонски градови да си отворат и тие такви училишта. Еден од најпросветните зографски монаси, архимандрит Анатолиј, се обидел во 30-те години на XIX век да отвори и печатница во својот манастир, но таа не успеала да проработи.
Паралелно со отварањето на нашите народни училишта се појавуваат и првите наши книжници, кои истовремено биле и гласници на културната преродба на Македонците. Тоа се Јоаким Крчовски и неговиот помлад современик Кирил Пејчиновиќ - Тетоец, кои потекнувале од црковната средина.

   
 
Macedonian Orthodox Church - Diocese of America and Canada
© Macedonian Orthodox Cathedral Sts Peter and Paul Crown Point, Indiana 2001-2005