|
|
|
|
Градба
на цркви
и расцут на македонската црковна уметност
Во првата половина
на XIX век, како резултат на економскиот подем на македонскиот народ и
релативното дозволување на турската власт да се градат поголеми цркви
во Македонија, дошле до израз нашата нова црковна архитектура и новото
македонско ренесансно сликарство. Во тоа време во подем е и нашата резба,
која дошла во полн израз како внатрешна декорација на црквите. Така, една
по друга, биле изградени двете градски цркви во Банско - едната во 1808,
а другата 1835 година: црквите во Неврокоп - едната во 1811, а другата
во 1841 година: во Битола 1830: во Кратово 1836: во Велес 1837: во Прилеп
1838: во Штип, во Горна Џумаја, во Солун, во Воден и во други градови.
Во тоа време се развила и зографската уметност. Најдобриот зограф во тоа
време бил Дичо Зограф од мијачкото село Тресонче. Познати се и иконописците
од Источна Македонија: Томо Вишинов - Молер и неговиот син Димитар Молеров
од Банско. Познати се и зографите Петре Филиповски - Гарката од село Гари
и Макарија Фрчковски од Галичник. Веќе во почетокот на XIX век работеле
повеќе зографски тајфи од Лазарополе, Гари, Тресонче, Осој, Росоки, Галичник,
Битуше и Требиште - сите од мијачијата.
Резбарот Макариј Фрчковски бил долгогодишен соработник на Петре Гарката,
а потоа образувал своја тајфа од своите браќа Ѓурчин и Трајан и од своите
синови. Тој ги изработил иконостасите во црквата , Свети Спас,, во Скопје,
во црквата ,,Свети никола,, во Приштина и во ,,Света Богородица,,Пазарџик,
во Бугарија. Има и многу други резбарски работи ширум Македонија и на
целиот Балкански Полуостров, кои се дело на нашите резбари. |
|
|
|