|
|
|
|
Осуетен
обидот на митрополитот
Голаганов за обновување
на Охридската архиепископија
Овој егзархиски митрополит, родум од Неврокоп, уште со своето доаѓање
во Скопје започнал да се бори со црковно-националните пропаганди во Скопската
и другите македонски епархии, со желба да создаде објективни услови за
обновување на Охридската архиепископија. Веќе во 1871 година, се отцепил
од Бугарската егзархија и преку преговори, најнапред со Цариградската
патријаршија, а потоа и со Римокатоличката црква, засилено работел на
тоа да биде обновена Охридската архиепископија. По се се чинело дека ќе
успее во своите напори, бидејќи бил постигнат договор со претставникот
на Римокатоличката црква во Цариград: се чекало само одобрение од папата.
Меѓутоа, здружени меѓу себе, црковно-националните пропаганди на Бугарија,
Грција и Србија, успеале да го спречат ова и митрополитот Теодосиј бил
спроведен во Цариград, а потоа бил испратен во Бугарија како изгнаник.
|
|
|
|