|
|
|
|
Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за посширока
и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византијската
Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува
и градовите што биле оддалечени од Цариград, особено Солун. Во првите
децении на IX век во Солун живее и семејството на на висок службеник на
царската власт, помошник на византијскиот стратег на Солун и солунската
област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија, по народност Македонци.
Семејството имало повеќе деца, со се споменуваат само имињаста на најстаиот
- Методиј и најмалиот - Констанит. Дури не се споменува ни световното
име на Матодиј, кој ова име го добил при замонашувањето.
Побожните родители ги испратиле своите рожби уште од најрано детство во
христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените
христијански вистини во својот живот. Констанит уште од својата младост
се занимавал со списите на Св. Григориј Назијанин и на Дионисиј Аеропагитски.
Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во
Императорското Магнуарско училиште, каде, освен богословските науки се
изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија,
реторика... Покрај овие науки Констанит учел и јазици - латински, еврејски
и сиријски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил
назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен
за професор по философија во истото училиште кое претходно го завршил.
Тогаш го добил името Константин Философ.
Што се однесува до методиј, постојат мошне скудни информации според кои
тој се здобил со светско образование и се посветил на државната и воената
служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и
воени способности. Подолго време управувал со Брегалничката област и придонесол
христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на
Македонија. За овој успех бил особено заслужен неговиот брат Константин.
Мисионерската дејнсот на Светите Браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето
и применувањето на македонската азбука е забележана во житието на Свети
Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на
Македонците од Солунско и на мисионерското дело меѓу запдните славјани
во Моравија.
Извесно време пред својата мисионерска дејност Светите Браќа се повлекле
во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле
за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале
двапати кога биле испраќани од Византијската власт и од Цариградскиот
Патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги завршиле
со голем успех.
Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до Императорот Михаил
III овој да испрати епископ и учител кој ќе им објаснува на нивни јазик
за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на Светите Браќа. Тие
биле речиси подготвени и за оваа мисија, бидејќи голем број од светите
книги веќе ги превеле на Македонски јазик, кој бил разбирлив и за сите
славјани. Тие веќе мисионерствувале во Брегалничката област и во некои
други области во Македонија, на четвртиот по ред Библијски јазик - Македонскиот.
Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале за Моравија. Таму биле
пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле
училиште во кое ги поготвувале идните учители за западните славјански
народи.Во текот на работата наидувале на жесток отпор од Германските свештеници.
Од нив биле обвинувани за ерес. Биле принудени да одат за Рим и да го
докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од Папата
Адријан II. Тој ги одобрил Македонско - славјанските богослужбени книги
и наредил да бидат поставени во олтарот на Црквата Santa Maria Maxore,
и богослужби да се вршат на македонски јазик во три римски цркви.
Кирил, за време на престојот во Рим тешко се разболел, и се упокоил на
14 Февруари 869-та година. Методиј го продолжил епохалното мисионерско
дело, сам, со помош на своите ученици. кои во Рим биле ракоположени во
свештенички чин Непријателството од страна на германските свештеници не
престанувало. Истоштен од напори и и змачувања, Свети Методиј се упокоил
во Нитра во 885-та година. Неговите ученици биле подложени на измачувања
и прогони. Некои од нив дури биле продадени како робови.
Делото на Светите браќа по нивната смрт, паднало во голема криза, но благодарение
на нивните најталентирани ученици Свети Климент и Свети Наум, Охридските
светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот
мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави Божјата вистина на
новите народи, почитувајќи ја нивната културна самобитност, станале образец
за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.
Светите браќа Кирил и Методиј успеале како Македонци да станат апостоли
на славјаните. Тие сакале да му служат на доброто на сите славјански народи
и на единството на универзалната Црква. За овие заслуги, во своето апостолско
послание EGREGIAE VIRTUTIS, папата Јован Павле II на 31 Декември 1980
година ги прогласи за сопокрвители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт,
прогласен од папата Паве IV на 26 Октомври 1964 година.
|
|
English:
St Cyril and St
Methodius
|
|