|
|
|
|
Создавањето
на Српската Православна црква
и Македонските епархии
во Вардарскиот дел на Македонија
По обновувањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на 1 декември
1918 година се создаде единствена православна црква. Освен Српската, Карловачката
и Црногорската митрополија, како и црквите православни во Босна и Херцеговина,
во составот на Српската Православна Црква, биле приклучени и епархиите
во Вардарскиот дел на Македонија, кои и ги продала Цариградската патријаршија,
иако таа над мнозинството на македонското население немала црковна власт.
Одлуката на патријаршискиот синод, донесена на 19 март 1920 година, гласи:
,, Канонски ред и обичај и работите на црковната управа да се уредуваат
и доведуваат во согласност со политичките промени што се случуваат и спрема
тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат
и распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку
и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ,,.
Другите македонски епархии биле разделени и потпаднале едни од нив под
грчка, а другите - под бугарската црковна власт, со владици Грци, односно
Бугари, како што и владиците на македонските епархии во Кралството на
Србите, Хрватите и Словенците биле Срби. Тие и нивните најблиски соработници
заборавиле дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото
духовно стадо, туку ја продолжиле уште побезочно и посрамно политиката
на однародување и асимилација на македонското население, станувајќи платени
слуги на великогрчката, великобугарската и великосрпската мегаломанска
политика во Македонската замја и спрема Македонскиот народ. Владеачките
режими ги ангажирале православните цркви во своите држави да им служат
во остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели среде Македонците.
Организирале разни културно-просветни и национално-патриотски друштва
во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители
се ангажирале најмногу за однародувањето и асимилирањето на Македонскиот
народ. И денес кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја
народна автокефална Македонска Православна Црква и сака да ги остварува
заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата
братска рака за измирување во името на Господ Исус Христос и Неговата
Света Црква, тие место да се засрамат, се да посипат со пепел и да побарат
опростување од народот , на кој многу му згрешиле, тие се трудат со сите
свои сили и измислуваат безброј причини да не ја признаат автокефалната
Македонска Православна Црква, која е верна наследничка на дредвната славјанска
православна самостојна црква, на Охридската архиепископија, која многу
ги задолжи сите славјански цкви. Ваквиот став на соседните православни
цркви не само што нее православен и христијански, туку нее воопшто човечен.
|
|
|
|