Книжевна дејност на Свети Климент Охридски


Точниот број на сите дела и поученија на Свети Климент уште не е востановен. Тие ни денес не се собрани во еден зборник: ги наоѓаме во преписи од XII и XIII век, на кои често како автор се наведува Свети Јован Златоуст, иако според содржината, јазикот и стилот може да се препознае дека автор е Свети Климент. Највероватно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод - богослужбената книга, во која се содржани црковните песни кои се пеат од велигден до Педесетницата. Постои веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј.

   
 
Macedonian Orthodox Church - Diocese of America and Canada
© Macedonian Orthodox Cathedral Sts Peter and Paul Crown Point, Indiana 2001-2005