|
|
|
|
Охридска книжевна
школа
По смртта на Свети Климент и Свети Наум книжевната школа ја продолжиле
нивните ученици. Тие главно се занимавале со препишување на творбите на
светите учители. Многумина од нив останале анонимни, меѓу кои се и составувачите
на житијата на своите учители. Ова го навестува анонимниот биограф на
Свети Наум во Првото житие, каде се вели дека по наредба на Деволскиот
епископ Марко, се Зафатил со пишување на житијата на охидските светители
и просветители. А по повод годишнината од смртта на Свети Климент еден
друг автор составил Служба, мошне поетска, која претставува ретко убав
споменик на нашата книжевност во овој ран период.
Меѓу непосредните ученици на Свети Климент и на Свети Наум е Константин
Презвитер, подоцна епископ Преславвски. Тој е познат по неговите творби
,,Азбучна молитва,, и ,,Проглас кон Светото Евангелие,,. Негови се и делата
,,Поучно Евангелие,, и преводите на четирите слова против аријанството
од Свети Атанасиј Александриски. ,, Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски,,и
многу дриги.
Черноризец Храбар е исто продолжувач на делото на свети Климент и свети
Наум. Негови дела се: ,, О писменах,, кое е апологија на македонската
писменост, каде ја брани македонската азбука и го заштитувал македонското
културно дело. Тој напишал уште ,, Македонските букви се посвети и се
повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале
Елините, кои биле незнабошци,,.
|
|
|
|