|
|
|
|
Создавање
на самостојна Црква во
Македонија во времето на Самоиловото царство
Нема податоци за тоа под чија јуруздикција била Величко-дремвицката епархија,
на чие чело бил свети Климент. Пред него оваа епископија била под јуриздикција
на Цариградската патријаршија. Но сепак останува неспорно дека Свети Климент
е основоположник на идната самостојна Охидска архиепископија. А по неговата
смрт во 916 година продолжува процутот на верско, културно и просветно
поле. Овој духовен подем бил пренесен на бројното монаштво во манастирите.
Територијата на Македонија била поделена на нови македонски епархии и
управувани од македонски епископи. Оваа и ваква организирана структура
на Црквата во тогашната силна Македонска држава станала вистинска самостојна
Црква со свој архиепископ и со свој Синод со седиште во Преспа - тогашната
престолнина на цар Самоил. Но бидејќи тој бил постојано во војна со Византија
не ја признавал јуриздикцијата на цариградскиот патријарх над епархиите
во својата држава. Организационата структура на Црквата била митрополитска.
На малиот остров Ахил во Преспанското Езеро, во апсидата на големата црква
се наоѓаат дванаесет епископски стола, со престол-архиепископски во средината,
што упатува на заклучок дека Црквата имала свој Синод.
Самоил царската круна ја добил од Рим. Според тоа и прогласувањето на
Охридската архиепископија за патријаршија е во зависност од овој чин.
За царската круна папските делегати донеле и црковни симболи за првиот
македонски патријарх, Филип. Новиот охридски патријарх, според вообичаената
практика во средновековието, заедно со своите црковно великодостојници
и со папските делегати, го миропомазал Самоил за цар. Тогаш царската престолнина
од Преспа е пренесена во Охрид, а со тоа и седиштето на Патријаршијата.
Нејзината јуриздикција ја опфаќала целата држава на Самоил - и како се
ширело Самоиловото царство, така се проширувала и јуриздикцијата на Охридската
патријаршија.
Според историските податоци, Охридската патријаршија, покрај епархиите
во Македонија ги опфаќала и епархиите во Тесалија, Епир, Албанија, Дукљан,
Травунија, Захумље, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. Од покрстувањето
на Русите во X век и од првите контакти на Самоиловиот двор и дворот на
Владислав, во тој период целата просвета, култура и писменост тече од
Македонија кон Русија. Руската Црква се до 1037 година се наоѓа во диесцезата
под јуриздикција на Охридската Архиепископија-Патријаршија. И кога пропаднало
Самоиловото царство, византискиот цар Василие II, ценејќи ја вонредната
улога на Охидската патријаршија, не ја укинал, туку само ја симнал на
ранг на автокефална архиепископија. Границите останале исти, како и нејзините
права и привелегии. Во тоа време под јуриздикција на Охридската архиепископија
се нашле 31 епархија. Охрид станал важен црковен центар за поголемиот
дел на Балканскиот Полуостров, црковен центар равен на Цариград, Еруасалим,
Антиохија, Александрија и други.
По смртта на Василиј II (1025) престанала толерантната политика кон Охридската
архиепископија кон македонците воопшто. На чело на Охридската архиепископија
биле поставувани архиепископи грци, а тие си поставувале грци епископи
по сите македонски епархии со цел да се погрчи македонското население.
Со распаѓањето на Византија - во втората половина на XII век, Рашка се
ослободила и жупанот Немања успеал да ги соедини српските жупанства и
во 1170 се прогласи за велики жупан. Тој сакал во својата држава да создаде
самостојна црква. Идејата за создавање српска автокефална црква ја дал
неговиот најмлад син, монахот Сава. Уредувањето на српското црковно прашање,
според каноните можело да се изврши само преку Охридската архиепископија,
но Немања и неговиот син Сава знаеле дека Охридскиот архиепископ Хоматијан
нема лесно да се откаже од својот примат и од своите привелегии.
Во Бугарија во 1175 година избувнало востание и Асеновците го создале
Второто бугарско царство. Во 1176 година била основана самостојна Бугарска
црква во лицето на Трновската архиепископија. Второто бугарско царство
ја опфатило и Македонија, но ја оставиле и натаму да делува Охридската
архиепископија, меѓутоа во намалена јуриздикција за сметка на Трновската
архиепископија. Бугарскиот архиепископ ги прогонил сите епископи - грци
и на нивно место донесол епископи славјани, кои самиот ги хиротонисал.
Второто бугарско царство се распаѓа по смртта на царот Калојан (1207).
Тогаш во Македонија, во Просек (Демир Капија) се утврдил севастократот
Стрез, кој со помош на великиот српски жупан Стеван Немања успеал да ги
привлече кон себе соседните македонски градови, меѓу кои и Охрид. Охридската
архиепископија, веќе намалена, се наоѓа само на територијата на Стрезовото
кнежевство, меѓутоа била ослободена од притисокот на Трновската архиепископија.
Интересите на Стрез и на Охридскиот архиепископ се совпаѓале во настојувањето
да се зачува независноста на кнежевството и на Архиепископијата. Дури
во времето на Стрез , Охридската архиепископија успеала да врати некои
свои епархии, кои и ги одзела Трновската архиепископија.
По смртта на Стрез (околу 1215) неговото кнежевство било разделено меѓу
Солунското латинско кралство и Епирското деспоство, а Охридската архиепископија
ги изгубила своите јужномакедонски епархии - Мегленската и Струмичката.
И тоа така останало до потпаѓањето на Охрид под власта на Епирскиот деспот
Теодор. Тогаш Охридската архиепископија водела успешна борба против Никејскиот
патријарх и одново ги повратила некои од епархиите што и биле одземени.
Тогаш Архиепископијата имала доминантна положба во државата и пак успеала
да ја прошири својата јуриздикција, преземајќи ги одново Скопската, Серската
и Сервиската епархија.
Во ова време започнала борба меѓу епископите Грци и Македонци. Во Охрид
бил свикан архијерејски собор под претседателство на архиепископот Хоматијан.
Епископите биле разделени во две групи: на чело на грчката група стоел
Воденскиот митрополит, а македонската група ја водел Мегленскиот епископ.
Спорот настанал околу признавањето на епископскиот чин на епископите кои
биле поставени од Калојан. По интервенција на деспотот Теодор Комнен направен
е компромис: грчките епископи поставени од Калојан требало да ги напуштат
епархиите, а на нивно место да бидат хиротонисани домородни епископи од
македонско потекло.
|
|
|
|