10
Години од Возобновувањето на Mонашкиот живот во Св. Јован Бигорски
Во деновите кога Бигорскиот манастир се спрема за прославата на својот
патрон Свети Јован Крстител, православната младина од ширум Македонија
пристигна да помогне на братството на Манастирот возглавено од Архимандритот
Партениј. Благодарение на таа помош, Манастирот кој оваа година прославува
јубилеј од 10 години на возобновено машко монаштво, успеа да ја заврши
градбата
на новите конаци Долни Палат, да постави дренажа и да се опремат
собите со минимум опрема за да може да се примат придојдените верници
од сите страни на Македонија.
После пречекот на надлежниот архиереј Г.Тимотеј и Брегалничкиот Г.Агатангел,
во холот на приземјето од Долни Палат, г-га Билјана Јуруковска, приреди
изложба
на уметнички фотографии со тема од Манастирот, а приходот од продажбата
беше наменет за Манастирот. Инаку, таа има добиено светски признанија
за своите дела.
После свечената вечерна Богослужба, на која свечено слово одржа Г.Тимотеј,
кој го подвлече духовниот живот на св.Јован Крстител, неговата праведност,
како и спремноста да се жртвува за вистината, кога станува збор за изобличувањето
на гревот, вратите на Големата
Трпезарија беше отворена се до полноќ, за бидат нагостени сите верници,
а и исто сите притекнати Македонци-муслимани, Албанци од двете конфесии
и Турци.
Утрента, после Воскресно-празничната утрена богослужба, торжествено
започна Светата Литургија, после која беше пресечен славскиот празничен
леб и беше извршен водосвет.
На службите освен архиереите, богослужеа архимандритите Нектариј и Партениј,
како и свештенослужители од Охрид, Велес и Штип.
Во знак на одбележување на Јубилејот 10 години од возобновувањето на
машкото монаштво, беше осветен мозаикот
на Св.Јован, поставен на јужниот зид од храмот, дар од брачниот
пар, Павлинка и Столе Илиеви од Кочани.
Осветувањето на Долни Палат е оставено за блиска иднина, кога ќе се
уреди влезната партија, дворот и внатрешните скали, за што ке бидат
поканети сите верници од цела Македонија и подалеку!
Фотографии
од свеченостите