![]() |
||||||||||||||
|
23 Мај 2007 Во храмот посветен на словенските просветители и учители “Св. Кирил и Методиј” во Њу Џерси, Неговото Високопреосвештенство Митрополит американско-канадски г. Методи отслужи вечерна Архиерејска богослужба. На богослужбата покрај верниците на оваа Црква присуствуваа и високи претставници на владата на Р.Македонија, министерот за надворешни работи г- дин Антонио Милошевски и амбасадорот на Р. Македонија во Вашингтон г-дин Зоран Јолевски. Потоа, беше оддржана средба на која членовите на оваа црковна заедница беа запознаени со настани од црковен карактер и информирани за активностите на владата на Р. Македонија.
|
|
||||||||||||
|