Велико Повечерие во “Св. Кирил и Методи” во Чикаго

Голема е силата на соборната молитва, а особено во времето на Великиот пост. Возљубени браќа и сестри целта на спасението и целта на целиот наш живот е соборно дело, зашто навистина Бог така ја устрои човечката заедница преку соборноста сите да бидат едно, како што и Отецот Синот и Светиот Дух се едно.
Во храмот посветен на големите словенски просветители и учители “Св. Кирил и Методи” во Чикаго на 06.03.2007 год. беше отслужено Велико повечерие со кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско - канадски г. Методи во сослужение на свештенослужителите на средно-западното Американско намесништво на АКМПЕ.

ѓакон Стеван Барјактаров

 

 

 

 

 

 



 
 
Macedonian Orthodox Church - Diocese of America and Canada
© Macedonian Orthodox Cathedral Sts Peter and Paul Crown Point, Indiana 2001-2005